Today we received an interesting article about Dubrovnik, written in Macedonian language. Here’s what it says about the Pearl of the Adriatic. 

‘Медитеранскиот бисер е едно од најуникатните места во светот заради прекрасните и бајковити замоци, цркви, средновековно корзо заради кое ќе помислите дека сте се вратиле назад низ времето. Благата, топлата и сува медитеранска клима во Дубровник е уште една причина заради која треба да го посетите. Просечната годишна температура е 18 степени, а има околу 260 сончеви денови во годината, што значи без разлика кога и да решите да го посетите овој магичен град не морате премногу да се грижите за времето. Во Дубровник има по нешто за сечиј вкус, па така гурманите ќе имаат можност да уживаат во разните рецепти со долга традиција, кои дефинитивно ќе ги пробудат сите ваши сетила. Ако пак повеќе сакате предизвици и активен одмор, тогаш Дубровник сигурно ќе ја задоволи вашата потреба и тоа не само преку лето.

Овој град активно живее преку целата година, па така ќе имате можност да одите на јавање, да го посетите националниот парк на островот Мљет, а никако не пропуштајте да отидете на романтична прошетка на островот Локрум, кој е оддалечен 700 метри од Дубровник и го нарекуваат островот на љубовта.

Дубровник е град во кој секогаш ќе се враќате и одново ќе се заљубувате во неговата единственост и хармонија.’

Author: Milica Pasovska, Keif.Mk

Comments